Во Холандија кога излегуваат од автомобил ја отвораат вратата со десна рака – еве ја причината за тоа


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Кога излегуваат од своите автомобили, сите Холанѓани имаат навика да ја отвораат вратата од колата со десна рака и за тоа имаат многу разумна, логична и практична причина.

Оваа едноставна навика која ја имаат холандските возачи може да спаси бројни животи – велосипедисти, возачи и други учесници во сообраќајот.

Ваквиот начин на отворање на вратата во текот на излегувањето од автомобилот добил дури и свој назив – „Dutch Reach”, а функционира на следниот начин:

Кога сакате да излезете од автомобилот, фатете ја вратата со десната рака. Со тоа, вашето тело е приморано да се ротира така што ќе го видите патот зад вас и навреме ќе можете да реагирате доколку се најдете во потенцијално опасна ситуација – односно ако кон вас оди велосипедист, пешак или друго возило. Дури и доколку не погледнете право на патот, во најмала рака ќе бидете приморани да погледнете во ретровизорот.

Како што јавува New York Times, во САД е забележан најголем број на смртно настрадани велосипедисти во последните 30 години, а слична е бројката и во Велика Британија. Најчестите несреќи се случувале токму поради невнимателното отворање на вратите на возилата од страна на возачите. Во Велика Британија во 2016 година, дури 600 лица загинале или биле повредени поради невнимателно отворање на вратата од автомобилот.