Во хакерски напад на менувачница за криптовалути украдени 31 милион долари


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Од втората по големина јужнокорејска менувачница за криптовалути „Битхамб“ известија дека во хакерски напад чија цел била нивната менувачница, хакери извршиле грабеж на криптовалути во вредност од 31 милион долари.

Од менувачницата соопштија дека хакерскиот напад се случил меѓу вторникот вечерта и средата наутро, пренесува АП.

„Битхамб“ додава дека по хакерскиот напад го прекинале тргувањето и промена на криптовалути. Засега не е соопштено кои криптовалути се украдени.

Тоа е последен во низата сајбер напади на менувачници за криптовалути кои предизвикаа загриженост кај инвеститорите за безбедност.

Хакери претходно овој месец изведоа сајбер напади на менувачницата „Коинрејл“ и наводно украле виртуални валути во вредност од 37 милиони долари.