Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Изминатиов викенд, во градинката „Мајски цвет“ во скопката општина Карпош, Тафталиџе 2 се срушил, во една од училниците се срушил таванот. Сликите и информацијата на Фејсбук профил ги објави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски.
Викендов во Скопје имаше поројни дождови, но се уште нема информација што точно се случило во градинката викендов, но највжно е дека нема повредени.
-Среќа во несреќа е што во градинката таванот паднал за викендов, кога немало дечиња, и нема повредени, ниту жртви. Но, одговорност за ваквата ризична градба, за фушерајот за објект кој згрижува мали деца и за тендерот треба да има, напиша Милошоски.
Инаку според јавно достапните информации, во оваа градинка пред неколку години биле целосно обновени просториите за престој и едукација на деца од осум месеци до три години.