Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
На скопскиот аеродром синоќа бил приведен Владимир Тодоровиќ, бивш градоначалник на скопската општина Центар и сопственик на ланецот маркети Тинекс.
Во акцијата се приведени уште 10 лица поврзани со предметот на поранешното СЈО Око, пренесува Мкд.мк повикувајќи се на неофицијални извори.
На граничниот премин Табановце утрово бил приведен и поранешниот претседател на Советот на Општина Центар Владимир Здравев.
Неофицијално овие приведувања се поврзани со проектот Скопје 2014, односно поради сомневања за перење пари при набавка на опрема за мостот Око.