Во германските компании забрзано се воведува скратено работно време


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Според статистичките податоци кои ги дадоа резултатите од истражувањето кое го направи Ифо институтот од Минхен, во германските компании сè поевидентна е појавата на скратеното работно време.

5,5 проценти од компаниите од производствениот сектор веќе имаат воведено скратено работно време, за разлика од 3,8 проценти од компаниите од истиот сектор кои го имаат тоа направено во јуни, минатата година.

Во исто време, дури 12,4 проценти од компаниите очекуваат да воведат работа со скратено работно време во текот на следните три месеци, во однос на само 8,5 проценти во јуни.

Работата со скратено работно време во германската индустрија во моментов е концентрирана во седум сектори, според истражувањето на Ифо.

Во текстилната индустрија се воведоа работни места со скратено работно време во 20 проценти од компаниите, а потоа следуваат компании за производство на електрична опрема (11 проценти), компании за производство и преработка на метали (10 проценти) и компании за производи од метал (девет проценти).

7% од компаниите во автомобилската индустрија имаат воведено скратено работно време, додека тој прцент во секторот за производство на хартија и картон изнесува 6% од компаниите.