Во Германија укината забраната за употреба на кукасти крстови во видео игрите


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Комерцијализираните видео игра во Германија отсега без проблем ќе може да ги користат симболите на нацизмот во своите графички дизајни, но истите нема да смеат да се користат во пропагандни цели, одлучи германското регулаторно тело.

До сега видео игрите , за разлика од филмовите и другите претстави мораа да го почитуваат законот со кој се забранува истакнување симболи од времето на нацизмот.

Кукастиот крст во некои игри како што се „Call of Duty“ или „Wolfenstein II: The New Colossus“,во германската верзија беше заменет со триаголник. Сепак, регулаторното тело наведува дека дозволата нема да важи за сите, туку ќе се издава поединечно за секоја игра.

„Таквите симболи може да се користат само докоплку се во функција на уметноста , науката или историјата“, наведуваат од регулаторното тело и објаснуваат дека истите критериуми важат и за филмовите. Германската јавност негодуваше поради цензурата на видео игрите или игрите со сменети симболи, како на пример игра со избришани мустаќи на Адолф Хитлер.