Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Откако во Бугарија беше уапсено едно осомничено лице поврзано со убиството на бугарската истражувачка новинарка Викторија Маринова, втор осомничен е уапсен во Германија.
Вториот осомничен, човек на рани 20-ти години, беше уапсен откако ДНК-тестовите и другите докази покажаа дека бил вмешан во силувањето и убиството на Маринова во севернобугарскиот град Русе, според бугарскиот министер за внатрешни работи, Младен Маринов.
„Постои физички доказ за поврзаноста со убиството“, рече Маринов.
Тој го идентификуваше човекот како Северин Красимов, кој живее недалеку од местото на злосторството.