Во Германија се произведуваат јадливи ќеси за пазарење направени од зеленчук и овошје


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Дека германската технологија и индустрија со право е една од врвните светски индустриско-технолошки лидери покажуваат и ваквите производи со кои Германците веќе наметнуваат идеи за еколошко осмислување на секојдневието во блиска иднина.

Германските трговски синџири „Едека“ и „Реве“ неодамна започнаа да тестираат кеси за пазарење кои можат да се јадат, со цел да го намалат количеството на пластика во своите маркети. Овие два синџира до тоа решение дојдоа посебно, во соработка со меѓунардните компании кои се занимаваат со правење на вакви видови кеси. Имено, сите производи се ставаат во специјални пакети што се транспортираат во тенки, заштитни и други кеси за јадење, пренесува српскиот портал „Блиц“, цитирајќи го магазинот „Ин стор трејд Магазин“ (In Store Trade Magazin), пренесува Мета.

Заштитните кеси на „Едека“ ги направи американската компанија Apeel Sciences, а оние кои ги јаделе велат дека се навистина вкусни, како и дека се направени од овошје, зеленчук, семки и природни лушпи. Овие кеси не пропуштаат вода и овозможуваат храната да остане свежа. Во некои продавници прво се тестирани на авокадо.

Трговскиот синџир „Реве“ исто така започна со тестирање на вакви кеси кои се направени од природен шеќер, каши и разни билни масла, а сите нив ги изработува британската компанија AgriCoat NatureSeal. Авокадото во овие кеси веќе се наоѓа на пазарот и може да се купи во 860 продавници од трговските синџири „Реве“ и „Пени“.