Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Евтаназаијата во Германија е легална процедура и во некоја од тамошните клиниките може да ти асистираат во последната желба. Но, во иднина таму нема да се примаат клиенти кои сакаат да си го скратат животот, а се невакцинирани од ковид.
„Евтаназијата и подготвителниот преглед на нашите членови кои се подготвени да умрат бараат човечка блискост. Меѓутоа, човечката блискост е предуслов и плодна почва за пренос на коронавирус. Затоа од денес наложуваме брзи тестови пред средби во затворени простории“, се вели во соопштението на асоцијацијата на германски клиники за еутаназија.
Во последната ноемвриска недела, најголемата европска економија пријави 1.414 смртни случаи, со што вкупниот број на починати како последица од Ковид-19 надмина 100.000. Над 75.000 новозаразени пациенти беа пријавени во еден ден на 25 ноември.
Во пресрет на можниот бран на омикрон варијанта, Германија воведе драконски рестрикции за сите граѓани кои не се вакцинирани против Ковид-19.
Германија ја укина забраната за професионално потпомогнато самоубиство во февруари 2020 година.