Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Првиот човек на германската морнарица, вице-адмиралот Кај-Аким Шeнбах, беше принуден да си даде оставка од функцијата затоа што само рекол дека Путин бара (а веројатно и заслужува) почитување.
„Од министерот за одбрана побарав веднаш да ме ослободи од обврските и тој го прифати моето барање,” напиша вице-адмиралот Кај-Аким Шeнбах.
Тој се најде среде лавина критики затоа што зборувал за Путин и Крим надвор од официјалниот германски наратив за тие теми.
Шeнбах забелешките ги дал на една тинк-тенк дискусија во Њу Делхи а видеото брзо се раширило по социјалните мрежи по што и министерот за одбрана се огради од изречените ставови.
„Она што Путин го бара е почитување. А нас толку малку, или воопшто нè не чини да му го дадем тоа што го бара а веројатно и го заслужува“, рекол адмиралот.
Вториот грев му е проценката дека Крим е изгубен засекогаш и дека никогаш нема да биде вратен, што е во спротивност за заедничкиот став на Запад дека се работи за анексија која – кај и да е – ќе биде поништена.