Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Латино ѕвездата Џенифер Лопез го прослави со чудесна забава својот 48-ми роденден. Таа беше во прегратките на нејзиното момче Алекс Родригез, а празникот беше малку необичен, бидејќи двојката одлучи да ги спои родендените во еден.
Џенифер и Алекс повикаа роднини и пријатели во Мајами, а врв беше шест катната торта.
Пејачката и безбол играчот ја зацврстија својата врска во последниве месеци, откако во почетокот беа претпазливи за односите и ретко можеа да бидат пресретнати заедно. Сега Џеј Ло не престанува да го фали својот партнер.
„Тој е дарежлив со семејството, со пријателите, со мене. Тој е грижлив и сладок, способен на многу и одговорен и воопшто сите прекрасни нешта кои може да биде еден маж “, категорична е пејачката.
На двојниот празник Џеј Ло беше облечена во секси црн фустан, кој ѝ ги нагласува сите облини, а Алекс пак избрал син костум.