Во Франција со декрет никогаш повеќе нема да се игра фудбал на 5. мај


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Францускиот парламент донесе закон со кој забранува одржување на професионални фудбалски натпревари во Франција на 5. мај. Таквата одлука е донесена за да се оддаде почит кон жртвите во катастрофата на стадионот Фирана на Корзика во 1992 година.

Тој ден пред 29 години една од трибините на стадион се сруши пред полуфиналето од Купот на Франција и загинаа 18 лица, повредени беа 2300.

Забраната предизвика противење на челниците на Лига 1 и Францускиот фудбалски сојуз, но беше изгласана во собранието и сега стапува на сила. Законот важи за натпреварите во Лига 1, Лига 2, Купот на Франција и Лигата на шампионите.