Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Патниците во возовите во земјата и во јавниот превоз во Хелсинки отсега можат да патуваат без маски, соопштија од железничкиот оператор ВР и компанијата ХСЛ, која управува со јавниот превоз во главниот град.
Со отстранувањето на ограничувањата, патниците сега ќе можат сами да одлучат дали ќе носат маски додека патуваат.
Условот за носење маски беше во сила од март годинава кога земјата се затвори целосно, првпат од почетокот на пандемијата предизвикана од ковид-19.
Во Финска од почетокот на пандемијата се регистрирани вкупно 153 илјади случаи на ковид, а починаа 1 139 пациенти како последица на болеста.