Во Европската унија се воведува породилно отсуство и за татковците


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Со привремениот договор кој го постигнаа Европскиот совет и Европскиот парламент, во земјите членки на Европската унија се воведува задолжително породилно отсуство за татковците од најмалку десет дена.

Овој договор има за цел да им олесни на вработените родители да постигнат и во професионалните, но и во личните обврски.

„Новата директива ќе ги охрабри мажите и жените да земат еднаков удел во одговорностите поврзани со семејството. Родителите и негувателите ќе можат подобро да го усогласат својот професионален и приватен живот, а компаниите ќе имаат корист од повеќе мотивирани работници“, се вели во соопштението на ЕУ.

Договорот е добредојден. Тој дава огромен поттик за промовирање на еднаквоста на жените и мажите низ ЕУ. Оваа директива ќе го охрабри учеството на жените на пазарот на трудот и еднакво ќе ги сподели одговорностите помеѓу жените и мажите“, изјави романскиот министер за труд и социјала, чија земја неодамна го презеде претседавањето со ЕУ.

Договорот сé уште треба да биде одобрен од страна на земјите-членки.