Home Актуелно Во ЕУ ќе влегуваме со петгодишна електронска виза која ќе чини 5...

Во ЕУ ќе влегуваме со петгодишна електронска виза која ќе чини 5 евра


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Од Нова година ако сакате да патувате во ЕУ ќе мора да аплицирате за влез и да платите 5 евра кои ќе ви важат пет години.

Ова е новата мерка што ја воведува Европската Унија за земјите кои има договор за безвизен режим, за зајакнување на сигурноста на границите на ЕУ и контрола од влез на жители од трети земји.

Апликацијата, според сѐ уште неофицијалните информации, ќе се пополнува на посебна интернет страница на Европската Унија.

Документот за оваа мерка, како што објави и германскиот магазин „Велт“, е изготвен од европскиот комесар за внатрешни работи, Димитрис Аврамопулос.

Системот ќе овозможи да се определи дали присуството на едно лице на територијата на ЕУ е опасност од гледна точна на нелегална имиграција, безбедност или зачувување на јавно здравје, пишува во документот.

Според планот на Аврамопулос, регистрирањето би траело најмногу десетина минути, а во апликацијата ќе се наведуваат податоци од пасошот. Таканаречената електронска виза ќе се издава на лица над 18 години и ќе биде валидна пет години, а за тоа ќе треба електронска уплата од 5 евра. За децата под 18 години, ваква апликација нема да биде потребна и тие ќе можат да патуваат како и досега, само со важечки пасош.