Во експлозија во Брисел еден загинат, седум повредени


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Едно лице загинало а седум се повредени, меѓу кои три тешко, во експлозија којашто се случила во саботата во станбена зграда во белгиската престолнина Брисел, најверојатно поради истекување на гас за домаќинство, соопшти ноќта кон неделата бриселското државно обвинителство.

„Во саботата попладнето жителите на две згради биле жртви на експлозија по којашто избувнал пожар“, се наведува во соопштението на обвинителството.

„Седум лица се примени во две болници. Три се тешко повредени, меѓу нив и двегодишно дете и петнаесетгодишник. Во текот на вечерта во саботата во урнатините е пронајдено тело на маж. Идентификувањето сé уште не е извршено“, додава обвинителството на Брисел.

Началникот на општината во којашто е квартот Сен Жил, каде што се одиграла несреќата, Шарл Пике изјави за белгиските телевизиски мрежи RTL и RTBF дека „најверојатно станува збор за несреќен случај поврзан со истекување на гас“.

На 22-ри март 2016 година Брисел беше цел на најкрвавите напади во својата историја кога беа убиени 32 лица а 320 ранети во два синхронизирани напади на аеродромот и во подземната железница. Оттогаш белгиските безбедносни сили се на подигнато ниво на подготвеност и секој сличен инцидент го предизвикува вниманието на медиумите