Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Фудбалскиот ас Кристиано Роналдо, освен на терените, доминира и на социјалната мрежа Инстаграм, каде печали вртоглави суми на пари благодарение на неговата популарност.
Ривалството меѓу Роналдо и Меси во заработката го има и на Инстаграм, Португалецот тука го држи првото место, ѕвездата на Барса е втор.
Роналдо има дури 222 милиони следачи на својот инстаграм профил, па брендот кој ќе сака да се рекламира преку Португалецот треба богато да плати. Тој е највлијателниот меѓу спортистите на оваа социјална мрежа.
Роналдо за една година заработил 50.3 милиони долари. Заа таа цел имал 43 спонзорирани постови, во просек еден таков пост го наплатил за 1,17 милиони долари.
Втор е Лео Меси со заработка од 30,4 милиони долари. После двајцата фудбалери доаѓа крикет играч, Вират Кохли од Индија со речиси двојна помала заработка од таа на Аргентинецот.
Листата од топ пет спортисти со најголема заработка од инстаграм ја комплетираат Дејвид Бекам и Нејмар.