Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Садејќи компири во својот двор, маж чиј идентитет не е откриен, нашол човечки череп и останал шокиран од откритието, па побрзал да ја извести сопругата за тоа.
60-годишната жена од Русија останала смирена кога разбрала за што станува збор, велејќи му: „Без грижа, тоа е мојот прв сопруг“, пренесува The Mirror. „Повторно закопај ги останките, заборави го ова и немој да ја информираш полицијата“, му додала таа на сопругот.
Неименуваната жена, најпосле признала дека пред 21 година, за време на една кавга со нејзиниот прв сопруг, го убила со секира, го распарчила неговото мртво тело и го закопала во градината. Жената тврди дека реагирала во самоодбрана кога 52-годишниот маж стигнал пијан дома и почнал да ја тепа,
Откако го убила, лажела дека тој отишол на работа и никогаш не се вратил, а потоа мирно продолжила да си го живее својот живот и повторно се омажила.
Черепот и другите коски неодамна ги најде нејзиниот втор сопруг, на нивниот имот во омската област, на југозападот од Сибир. Нејзиното барање да заборави на тоа што го нашол и му го открила, соругот го игнорирал и ја пријавил во полиција.
Неименуваната жена признала дека го убила својот прв сопруг, изјави рускиот истражен одбор, кој се занимава со сериозни и тешки криминали. Реконструкцијата на злостортвото покажала дека жената со секира го распарчила нејзиниот сопруг. Таа сега е во домашен притвор и се соочува со можна казна од максимум десет години затвор поради убиство со умисла.