Во ДУИ ноќеска донесена одлука да се дадат потписите на СДСМ за добивање мандат


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Демократската унија за интеграција (ДУИ) доцна синоќа одлучила да ги даде потписите на СДСМ за да се добие мандатот за формирање влада, дознава Плусинфо неофицијално од партиски извори.

Синоќа во маратонска дебата која траела до два часот по полноќ Централното претседателство на ДУИ ги разгледувало документите од работните групи кои интензивно работеле и доближиле голем број од ставовите.

Лидерот Али Ахмети на лидерско ново надмина дел од разликите. Не може да се симплифицира процесот на давање потписи, поддршката на ДУИ е краен процес на еден постигнат договор помеѓу двете партии – изјави синоќа во Мала Речица, портпаролот на ДУИ, Бујар Османи.