Во документарецот за Хилари, Бил Клинтон проговори за аферата со Моника Левински


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Во новиот документарен филм за Хилари Клинтон, нејзиниот сопруг и бивш претседател на САД, Бил Клинтон, отворено проговори подетално за најпознатата љубовна афера која ја има потресено Белата куќа во поновата историја, секс скандалот со Моника Левински во кој тој беше директно замешан.

Поранешниот претседател на САД, во документарниот филм „Хилари“ истакнал дека кога ја запознал Моника Левински бил под голем стрес поради работата и дека аферата со неа му помогнала да се носи со проблемите и да ги оттргне мислите од истите.

Воедно, Бил Клинтон првпат јавно и се извини на Левински и додал дека жалли што таа станала позната во светот по нивната врска. За потсетување, Клинтон последен пат зборуваше за скандалот во 2018 година и предизвика згрозување кај јавноста кога истакна дека на Левински не и должи јавно извинување.

Во документарецот раскажува како во 1998 година морал сè да и раскаже на својата сопруга Хилари, по што следувале долго и мачно брачно советување.

„Седев на креветот и разговарав со неа. И кажав сè што се случило и како се случило. И реков дека се чувствувам грозно, поминавме многу работи последните неколку години. Немав објаснување, а тоа што го направив не е за простување“, истакна Бил.

Хилари исто така пред камерите го искоментирала скандалот.

„Бев скршена. Не можев да верувам. Бев толку повредена што не можев да верувам. Не можев да поверувам дека ме лажеше“, истакнала таа и додала дека во тој момент му кажала на Бил дека ова треба да го каже и на нивната ќерка, што му паднало уште потешко.

На прашањето зошто го ризикувал својот брак, семејството и кариерата Бил истакнал дека во тој момент воопшто не размислувал на тие работи. Притисокот кој му го носела должноста која ја извршувал во Белата куќа бил преголем.

„Тоа не е мое извинување, само објаснување. Се чувствувам ужасно“, открива Бил.

Двајцата се согласуваат дека брачното советување било тешко и болно.