Home Актуелно Во директен судир на Пежо и автобус од ЈСП загина девојка во Скопје

Во директен судир на Пежо и автобус од ЈСП загина девојка во Скопје

24-годишната девојка Д.П го загубила животот при судир на патничко возило Пежо Партнер со автобус на ЈСП кај вториот надвозник во населбата Гоце Делчев. 

Лекарите се обиделе со реанимација, но тие обиди останале безуспешни, па 24-годишната девојка околу 18 часот им подлегнала на повредите. Телото на починатата девојка ќе биде преземено од службите на АД Бутел и ќе биде пренесено во судска медицина.

Во сообраќајната несреќа кај вториот надвозник во населбата Гоце Делчев, учествувале две моторни возила, автобус на ЈСП, управувано од Т.П и автомобил марка „пежо партнер“ со скопски регистарски таблички со кој управувала Д.П, велат од МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Д.П, па со возило на брза помош била пренесена некаде околу 17.30 часот. Лекарите се обиделе со реанимација, но тие обиди останале безуспешни, па таа околу 18 часот им подлегнала на повредите. Телото на починатата девојка ќе биде преземено од службите на АД Бутел и ќе биде пренесено во судска медицина.

Вчитај повеќе поврзани статии

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…