Во делчевско изгоре куќа, пожарникарите поради снегот немале пристап да реагираат


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Шеесет и четиригодишен жител од делчевското село Илиово, вчера во 20.30 часот пријавил дека избувнал пожар во неговата семејна куќа, при што била зафатена една соба во која престојувале и изгорела покуќнината и дел од таванската конструкција.

Иако била известена противпожарната бригада од Делчево, поради непристапниот терен и големите наноси од снег, не можеле да излезат на местото на настанот.

Сопственикот на куќата сам го локализирал пожарот, заедно со неговиот татко.

Пожарот настанал најверојатно поради палење на саѓите во оџакот, меѓутоа точните причини ќе бидат утврдени по извршениот увид на самото место.