Во Дебар потврдени четири нови случаи на коронавирус


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


На денешната владина седница, Владата донесе одлука да се воведе кризна состојба во дел од државата, поточно во општините Дебар и Центар Жупа, откако во Дебар се потврдени уште четири нови случаи на заразени од коронавирус.

Министерот за здравство Венко Филипче информираше дека досегашните пациенти се во стабилна состојба, освен првата пацентка од Дебар која беше заразена заедно со нејзиниот сопруг. Кај неа има влошување на состојбата и е на граница на вклучување на апарат за механичка вентилација.

Денеска дошле материјали за тестирање од Центарот за јавно здравје во Дебар од уште десет лица и од нив четворица се покажале позитивни на коронавирусот. Тие ќе се префрлат на Инфективната клиника во Скопје.

На скопскиот аеродром кај еден патник од Германија, македонски државјанин, регистрирана е повисока температура. „Тој и патниците кои седеле до и околу него се изолирани. Од сите земени се примероци и се чекаат резултатите“, рече Филипче.

Одговарајќи на новинарски прашања Филипче појасни дека Владата донела одлука во двете општини Дебар и Центар Жупа да се ограничи движењето на луѓето таму, односно забрана за влез и излез од овие општини.

Филипче најави санкции за оние што не ги почитуваат мерките и препораките, вклучувајќи и за сега веќе бившата директорка на Кожната клиника и за компанијата што го организирала симпозиумот ако се потврди дека знаеле за случајот.

„Мерките се многу сериозни. Колку треба толку ќе повторуваме дека мора да се почитуваат. Ова е врвен приоритет, здравјето е врвен приоритет”, изјави Филипче.