Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Манекенката Хејли Болдвин својот 21-ви роденден го прослави на доста егзотичен начин, на уште поегзотично место.
Хејли со своите пријателки и колешки од светот на модата, меѓу кои се Бела Хадид и Кендал Џенер, отпатуваа на Бахамите за да уживаат во рајската егзотика.
Журката и прославата на роденденот на најсексапилната жена на светот за 2017 година според изборот на Maxim, ги исполни сите очекувања.
Екипата одлично се забавуваше, а девојките со таква брзина објавуваа фотографии до своите фанови на Инстаграм, што овие од другата страна на екранот имаа чувство како да имаат „пренос во живо“.
Најмногу внимание привлекоа фотографиите од Плажата на свињите. Посебна атракција беше пливањето со малите прасиња, а фотките со нив кои ги споделија манекенките предизвикаа најмногу реакции и коментари.