Во чест на оваа жена направена првата Барби кукла со хиџаб


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Барби куклата одамна има култен статус, не само во светот на децата и играта, туку и во светот на шоубизнисот (да не ве потсетуваме на бизарниот тренд на правење пластични операции од страна на жени и мажи за да личат на Барби и Кен).

А сега оваа легендарна кукла добива уште еден, најнов изглед кој целосно ја менува и историјата на овој производ. Олимпијката Ибтихај Мухамад доби свој Барби примерок кој е изработен во нејзина чест, со што воедно тоа е и првата Барби на светот која носи хиџаб.

Ова е втор пат Мухамад да испишува нова историја. Имено, минатата година таа дебитираше во олимпискиот тим на САД и со тоа стана првата спортистка која настапи во официјалните натпревари со хиџаб. Сега, таа послужи како инспирација за нов примерок од Барби, прв кој носи хиџаб.

Куклата е најавена во понеделникот, на Glamour Women of the Year самитот, каде Мухамад беше гостинка на програмата Barbie Shero која оддава признание на пионири и иноватори. Портпаролот на компанијата Mattel изјави дека куклата ќе биде достапна на пазарот од следната есен.

Претходно, почест им беше оддадена на режисерката Ави ДуВернеј, актерката Кристин Ченовет, танчерката Мисти Копленд и моделот Ешли Греам. Освен хиџабот, куклата е изработена и по пример на олимпијката во мечување и носи мечувалска опрема, Nike обувки, заштитен шлем и меч.

„Барби не ја чествува Ибтихај поради нејзиното учество на Олимписките игри, туку поради она што ја истакнува неа. Ибтихај е инспирација за голем број девојки кои никогаш не се виделе себеси како личности кои ќе добијат некој вид на признание, а оваа кукла е тука да ги потсети дека сè е можно“, изјави Сејал Шах Милер, потпретседател на маркетинг за Барби.