Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Досега беше познат под кодното име P15 и не е директен наследник на P1 моделот, а сега веќе се знае и името на новиот Мекларен хиперавтомобил кој ќе го носи името на легендарниот Ф1 пилот Аиртон Сена и ќе се вика McLaren Senna.
Доколку радикалниот изглед на тркачкиот автомобил или неговото легендарно име не се доволни причини за да посакате да го имате, тогаш можеби ќе ве убеди тоа што Мекларен го опишува моделот сена како својот најекстремен автомобил за патиштата досега. Да, иако е равиен главно за тркачката патека, целосно е легален за возење на улиците.
„Мекларен Сена е автомобил без ривал – тој е олицетворение на спортската ДНК на Мекларен, легализиран за секојдневна употреба, но дизајниран и развиен да доминира на тркачките патеки“, порача шефот на Мекларен Мајк Флуит. „Секој елемент на овој нов мекларен има бескомпромисен спортски фокус , нагоден за да ја обезбеди најдиректната можна врска меѓу возачот и машината и да овозможи врвно тркачко доживување како што само Мекларен знае“.
Ултралесната конструкција на Сена, со шасија од јаглеродни влакна е еволуција на платформата на моделот 720С, и остварена е исклучително мала тежина од само 1.198 килограми, што го прави најлесниот модел на Мекларен по култниот Ф1 (McLaren F1).
Под хаубата на Сена се наоѓа 4,0-литарски V8 со два турбополначи кој се наоѓа зад возачот, во комбинација со седумбрзински менувач со двојна спојка кој ја пренесува силата на задните тркала. Има 800 коњски сили, компанијата од британски Вокинг не открива колку е брз, кажувајќи само дека има „дивјачки перформанси“.
Сепак, не се очекува ништо помалку од забрзува од 0-100 км/ч за 2,5 секунди и максимална брзина од барем 320 км/ч од најбрзиот (цивилен) модел на Мекларен досега.