Во чест на 25-годишнината од премиерата култниот „Титаник“ се враќа во киносалите


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Еден од најголемите филмски хитови во историјата на кинематографијата, култниот „Титаник“, по повод 25-годишнината од неговата премиера, на 10. февруари се враќа на големото платно во освежена верзија.

Најпознатиот филм на режисерот и сценарист Џејмс Камерон ќе ја прослави својата годишнина во кината во ИМАКС 3Д и 3Д4К-формат.

Како што потсетува најавата, „Titanic“ освои рекордни 11 Оскари, меѓу другите, за најдобар филм, режија, камера и за монтажа. По првото прикажување во 1997 година, тој стана најуспешниот филм на сите времиња, а сега е трет филм со најголема заработка во светот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @huntermag_

Приказната за потонувањето на луксузниот прекуокеански брод промовиран како брод што не може да потоне го обиколи светот во рекордно време, а многу филмски критичари се согласуваат дека „Titanic“ и понатаму е најголемиот филм што некогаш е снимен“, се наведува во најавата.

Главните улоги во филмот ги глумат Леонардо Дикаприо како сиромашниот човек по име Џек Давсон кој еден ден на игра со карти ќе добие карта за трета класа за патување на бродот Титаник, и Кејт Винслет како младата девојка Роуз ДеВит Букатер која е свршена со богат маж. Набргу по запознавањето, овие двајца ќе се вљубат, но подоцна потонувањето на бродот ќе ги раздели за секогаш.

Продукцијата на овој филм започна дури во 1995 година, кога Камерон успеал да ги сними оригиналните остатоци од бродот Титаник. Подоцна тој ја развил љубовната приказна и започнал со снимањето. Камерон изгради реконструкција на бродот за публиката да може потполно да го доживее патувањето, а за потонувањето искористи макети на бродот и компјутерски ефекти. Во тоа време, Титаник стана најскапиот снимен филм, а големата сума од приближно 200 милиони американски долари беше финансирана од продуценските куќи „Paramount Pictures“ и „20th Century Fox“.