Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Чеченскиот град Шали е местото каде се наоѓа моментално најголемата џамија во европски рамки, која официјално во употреба беше пуштена завчера.
Џамијата во Шали има капацитет од 30.000 верници, а на нејзиното плато може да се соберат уште 70.000 посетители. Изградбата на оваа џамија траеше седум години, а свечено ја отвори претседателот на Чеченија, Рамзан Кадиров.
Објектот е прекриен со бел грчки мермер и украсен со чисто злато. Огромниот лустер во облик на лотос е украсен со сваровски кристали.
Кадиров на отворањето ги замоли граѓаните во негова чест, кога ќе почине, да изградат мала џамија.