Во Британија се роди јагне со „тетоважа“ на стомакот – еве што му пишуваше


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тринаесет годишното Британец Џејмс Стивенејџ на едно новородено јагне на фармата од неговите родители забележал нешто необично и несекојдневно.

Јагнето е родено црно со неколку раштркани бели влакна кои изгледаат како да пишува „lamb“ (јагне).

„Штом се роди го здогледав натписот на стомакот. Навистина пишува lamb“, рече детето за британските медиуми.

Родителите имаат фарма и се занимаваат со сточарство, а вакво нешто досега немаат видено. Тие велат дека јагнето е здраво и весело и оти по цел ден скока и игра.