Во бомбашки напад на џамија во Авганистан загинаа 33 лица


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Најмалку 33 загинати, меѓу кои има и деца, е црниот епилог од експлозијата во џамија во северната авганистанска провинција Кундуз, соопштија денеска тамошните власти.

Портпаролот на талибанската влада Забихула Муџахид изјави и дека 43 лица се повредени во бомбашкиoт напад во областа Имам Сахеб.

Локален претставник изјави дека бомбата експлодирала во суфиската џамија Мавлави Сикандар.

Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот, но главниот осомничен е Исламска држава.

Авганистан, разурнат од војна, се соочува со нов бран на насилство по релативно мирен период.

Десетици луѓе загинаа во серија напади во земјата во изминатите неколку дена. Двата најголеми напада оваа недела се случија во шиитска џамија и во училиште во Кабул.

Пријавени се и неколку помали бомбашки напади низ целата земја, вклучително и во главниот град Кабул.

Исламска држава ја презеде одговорноста за неколку напади, вклучително и за нападот врз шиитската џамија.