Во бикини на Бахамите: Џеј Ло го прослави својот 49. роденден (ФОТО)


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Џенифер Лопез, познатата пејачка и глумица од САД, го прослави својот 49. роденден со вереникот и пријателите, мокра во бикини.

По жешките фотографии од терената со кои ги почести фановите пред големиот ден, популарната пејачка Џеј Ло го прослави 49. роденден во она што навистина изгледа одлично – во бикини.

Џенифер со семејството и пријателите е на Бахамите, па роденденот го прослави на плажа во минијатурно бикини, а малку жени можат да се пофалат дека тоа би им стоело како создадено за нив.

На фотографијата се и нејзиниот вереник, Алекс Родригез, како и членовите на семејството и пријателите.

„Моментална роденденска ситуација“, напиша Џеј Ло.

На пејачката и пристигнуваа честитки под фотографијата, а нејзиниот вереник на својот инстаграм профил подели слика на која Џенифер се смее од уво до уво и под која напиша емотивна роденденска честитка

„Кога бевме деца, родендените беа возбудливи поради подароците кои ги добивавме. Сега, прво гледам како тоа се промени за Џенифер, и како таа наоѓа радост и ја дели со останатите. За некого дава се од себе 365 дена годишно, за нашите деца, семејството, светот. Се надевам дека денес ние можеме да и ја дадеме среќата која ја заслужува. Те сакам многу“, напиша Родригез.