Во Белград уапсен Раде Штекли – лик чие име се поврзуваше со убиствотот на Мартин Јанушев


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Пред неколку дена, во Белград, од страна на тамошните служби бил уапсен Раде Трајковски-Штекли пренесува „Фокус“ повикувајќи се на доброупатени извори. Тој е еден од многумината бегалци од државата кои се бараат со меѓународна потерница, а според информациите објавени од МВР, треба да издржи шестмесечна казна затвор.

„Се бара по потерница на Основниот суд-Скопје 1, по член 131 став 1, во врска со член 22 од КЗ, за издржување на казна од 6 месеци“, се наведува на сајтот на МВР.

Но, неговото име одекна во јавноста пред четири години кога се случи убиството на младиот фудбалер Мартин Јанушев. За убиството беше осомничен и обвинет Филип Секуловски- Кобра, кој беше уапсен по две години бегство. Сепак, кога се случи немилиот настан, и името на 37 -годишниот Штекли неофицијално се поврзуваше со убиството, односно медиумите тогаш објавуваа дека Секуловски пред да го убие Јанушев најпрвин се сретнал со Штекли. Сепак, тој никогаш не беше обвинет за било каква улога во крвавиот чин. Штекли, на денот на убиството, на социјалната мрежа фејсбук објави фотографија од Белград.

Убиството беше извршено на 3 ноември 2017 година, кога осудениот Кобра излегол на викенд од затворот каде што издржувал казна за трговија со дрога. Според пресудата, со која беше осуден на 9 години и четири месеци затвор, Секуловски попладнето стигнал пред зградата каде што живеел Јанушев, откако претходно го повикал „да се пресметаат“. Иако и Јанушев кај себе го имал пиштолот на татко му, обвинетиот прв извадил пиштол марка „црвена застава“ и го застрелал со пет проектили.