Home Шоубизнис Во Белград денес пристигнуваат тројца Путиновци?

Во Белград денес пристигнуваат тројца Путиновци?

30 најверни и најблиски специјалци од Федераната служба за обезбедување и околу 6.000 полицајци и безбедносни припадници ќе се грижат за безбедноста на рускиот претседател Владимир Путин кој денеска ќе пристигне во Белград.

Специјалците на ФСО дејствуваат во најстрога тајност, оваа агенција е позатворена дури и од ФСБ која го наследи познатиот КГБ. Поради тоа, нејзините припадници често се нарекуваат духови, а во медиумите се појавуваат бројни претпоставки, меѓу кои и оние дека во своите редови имаат двајца двојници на Путин, пренесува Макфакс.

Како што пишуваат српските медиуми, за време на посетата на првиот човек на Русија, по должината на трасата со кој ќе помине, освен униформирани полицајци, ќе бидат распоредени и 500 припадници на срспката полиција во цивили, како и 250 агенти БИА. На целата траса ќе бидат поставени и снајперисти кои внимаваат на можните опасности за рускиот државник.

Безбедносните подготовки на рутата по која ќе поминува Путин почнаа на вчера, а полицијата издаде предупредување на станарите од околните згради да ги спуштат ролетните и да не излегуваат на терасите.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Ника Тошиќ разочарана од оние што најмногу ги сакаше: Мислевте дека не знам што зборувате зад мојот грб

Ника Тошиќ разочарана Ника Тошиќ се разочарала во оние на кои им верувала и со кои била бл…