Во Барселона убиен маж кој се обидел да нападне полициска станица


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Полициските сили во Барселона убија маж вооружен со нож, кој претходно се обидел да ја нападне полициската станица во градот Корнела.

жКако што соопшти каталонската полиција, напаѓачот се обидел да влезе во полициската станица со цел да изврши напад врз полицајците утрово во 6 часот по локално време.

Напаѓачот бил смртно застрелан на самото место на нападот, а во моментот на нападот извикувал „Алах акбар“. Според информациите, се работи за 29-годишен маж со алжирско потекло, објави „Ла Вангуардија“. Тој бил жител на градот Корнела, со шпански документи.