Во Барселона тврдат: Бројките не лажат – Меси е подобар од Роналдо


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Напоредно со ривалитетот на Кристиано Роналдо и Лео Меси на теренот, продолжува и оној помеѓу медиумите од Мадрид и Барселона.

Денешното издание на каталонски „Спорт“ објави дека напаѓачот на Барселона останува пред својот ривал од Реал Мадрид по ефикасност.

Оваа сезона Португалецот има постигнато неверојатни 37 гола на 35 меча, што статистички значи дека постигнува 1.05 гола по натпревар, додека Меси е со 0,81 гола по натпревар (35 во 43 меча).

„Бројките не лажат. Роналдо останува далеку оние 1,21 гола по меч (73 на 60 меча) кои Меси ги имаше во сезоната 2011/12“, тврди каталонски „Спорт“.

Весникот тврди дека ѕвездата на Барселона е поефикасен и во Лигата на шампиони, каде Роналдо е рекордер по постигнати голови. Таму коефициентот на Португалецот е 0,79, додека тој на Меси изнесува 0,81.

Меѓутоа, од почетокот на 2018 година Португалецот е како прероден со 1,61 гола по натпревар, додека Меси има коефициент 0.88.