Во Барселона промовирани Samsung Galaxy S9 и S9+


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Јужнокорејскиот технолошки гигант Samsung на специјалниот настан Unpacked 2018 во Барселона, на само еден ден пред стартот на Мобилниот конгрес, ги претстави новите модели на своите смартфони Galaxy S9 и S9+.

Новите паметни телефони имагинативно го реинтерпретираат начинот на кој луѓето комуницираат, споделуваат и го искусуваат светот. Создадени за период во кој потрошувачите се повеќе и повеќе комуницираат и се изразуваат преку фотографии, видеа и пиктографи (еmoji), Galaxy S9 и Ѕ9+ вклучуваат иновации преку најнапредната Samsung камера до сега.

Редизајнирани, со нова бленда која овозможува иновативна камера за слаба осветленост, способност за супер бавно “Slow-mo“ видео и персонализирани пиктографи за изменета реалност (AR Emojis), новите Галакси S9 и S9+ ќе се погрижат корисниците никогаш да не пропуштат ниту еден момент и да го направат своето секојдневие неверојатно.

Galaxy S9 и Ѕ9+ овозможуваат збогатено доживување на забавата со моќни стерео звучници поставени со помош на АКГ (AKG), извонреден звук со Долби Атмос (Dolby Atmos®) и редефиниран бесконечен екран од раб до раб – клучен елемент во дизајнерското наследство на Самсунг. Дополнително, Galaxy S9 и Ѕ9+ ќе пристингат со новата “SmartThings“ апликација, која ги обединува постоечките ИоТ услуги на Samsung во едно единствено, паметно искуство.