Во Австралија е склучен првиот официјален геј брак! (видео)


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Спринтерот на Комонвелтот Крег Барнс и неговиот партнер, атлетичарот Лук Саливен, вчера го склучија официјалниот брак, кој претставува прв геј брак во Австралија.

Настанот се случи откако пред 30 дена беше соопштен новиот закон за истополови бракови, кој беше потпишан во декември.

Покрај Барнс и неговиот партнер, Саливен, кои беа венчани веднаш по полноќ по локално време во Нов Јужен Велс, следеа и други истополови двојки кои стапија во брак, пренесува Би-би-си.