Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во урвањето на патничкиот авион од типот “Фокер-100” непосредно по полетувањето од аеродромот во казахстанскиот град Алмати загинаа најмалку 15 патници, а најмалку 60 се тешко повредени.
Авионот на компанијата “Бек-Ер” почнал нагло да губи висина, пробил бетонски ѕид и удрил во мала станбена зграда.
Крајната дестинација на авионот била до најголемиот град на оваа земја Нур-Султан.
Авионот се срушил само 19 минути по полетувањето. Нема информации дали пилотот веднаш пријавил некаков проблем.
Загинати се најмалку 15 патници, а 60 се потешко повредени. Авионот имал 93 патника и пет членови на екипажот.