„Во Аушвиц завршив на 16 години и одма се сретнав со најсуровиот садист во логорот“

Edith Eger

Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Едит Егер завршила во Аушвиц на само 16 години. Пред одењето во логор, деновите ги поминувала играјќи балет, а вежбала и по неколку часа дневно. Во логорот на смртта ја однеле заедно со нејзиното семејство. А тоа што го преживеала таму, е тешко да се опише со зборови. Секое одење под туш, значело и можна смрт, а Едит била опкружена со невидена суровост.

После кратко време од доаѓањето во логорот, се нашла лице в лице со Јозеф Менгеле. Кој за многу претставувал најголем садист помеѓу Хитлеровите војници. Менгеле бил познат и како „Ангел на смртта“. Тој уживал во убивањето и експериментирањето со телата на жртвите.

„Садистот Менгеле бираше кој од жртвите во Аушвиц ќе умри од плин, а кој ќе заврши на неговата операциона маса. Знаеше и намерно да ги зарази некои деца со некоја болест, како дел од своите бизарни експерименти. Една вечер уби 14 близнаци“, раскажува Едит Егер, која за своето искуство има напишано и книга.

Како успеала да преживее?

Поради балетот. Јозеф Менгеле изгледа обожавал балет, па нејзината дарба брзо ја забележал. Играла за него кога и да посакал, и така избегнала сигурна смрт.