Во атентат убиен Жовенела Моиз, претседателот на Хаити


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Претседателот на Хаити, Жовенел Моиз, синоќа бил убиен во атентат кој врз него бил извршен во неговиот дом, објави привремениот премиер Клод Жозеф, пренесоа странските медиуми.

Првата дама била повредена во нападот и ѝ била укажана лекарска помош, рече Жозеф.

Жозеф извести дека неидентификувани вооружени лица ја нападнале резиденцијата на претседателот во Порт-о-Пренс околу 1 часот по локално време (7 часот по наше време). Тој додаде дека тоа е нехуман и варварски чин.

Нападот се случува во време на засилени борби меѓу криминални банди и полицијата за контрола на улиците. Земјата е политички поделена, соочена со растечката хуманитарна криза и недостиг на храна, пренесува Ројтерс.