Во Apple ќе збеснат: Протече досега најголемиот детал за новиот iPhone, се знае и како ќе изгледа


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


На интернет се појави првиот покапитален таканаречен “leak” за најавениот нов iPhone и изгледа дека шушкањата испаднаа точни.

Имено, програмерот Стив Тротон-Смит прочепка по новиот „апдејт“ за звучникот Home Pod за да се обиде да дознае што повеќе за новиот iPhone кој на пазарот би требало да се појави отприлика во исто време со „апдејтот“ за звучникот – кон крајот на годината.

Типот открил дека новиот iPhone ќе има инфрацрвен скенер за лице како начин за отклучување на телефонот. Не е познато дали скенерот во финалната верзија ќе биде инфрацрвен, како и дали целосно ќе го замени досегашниот отисок од прстот како концепт за отклучување, но изгледа дека корисниците на iPhone навистина, како што досега се претпоставуваше, за отклучување на своите смартфони ќе го користат својот лик.

Откако Стив го објави тој податок на својот Твитер, се јави уште еден програмер, Гиљерме Рамбо, кој пронашол иконче со изгледот на новиот iPhone, па со тоа го откри и веројатниот дизајн на најновата верзија на еден од најпопуларните смартфони.

Од Apple уште се немаат огласено за овие наводи, а каков ќе биде изгледот на новиот iPhone ќе дознаеме во септември, кога по правило од Apple ги претставуваат новите модели.