Home Спорт Во Англија сигурни: Несторовски од јануари во Премиер лигата!?

Во Англија сигурни: Несторовски од јануари во Премиер лигата!?

Македонскиот голгетер Илија Несторовски минатата сезона блесна во дресот на Палермо, па и покрај многуте понуди сепак на крајот остана на Сицилија.

Сепак, ако им се верува на англиските медиуми, македонскиот репрезентативец уште во јануари ќе ја напушти Италија и ќе се пресели во Премиер лигата.

Наводно, Евертон покажува силен интерес за Несторовски и сака по секоја цена да го донесе во своите редови во зимскиот преоден рок.

Роналд Куман има проблеми во напаѓачката линија и смета дека Несторовски ќе биде идеално решени, па „карамелите“ спремаат понуда од 17 милиони евра, сума која би требало да ги задоволи апетитите на Палермо.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…