Home Спорт Во Англија е забрането да се гледа дебито на Роналдо во Серија А

Во Англија е забрането да се гледа дебито на Роналдо во Серија А

Денес започнува новата сезона во Серија А, а програмата ја отвара актуелниот шампион Јувентус на гостувањето кај Киево.

Овој натпревар се наоѓа во центар на внимание на фудбалската јавност, бидејќи се очекува Кристиано Роналдо да дебитира за „бјанконерите“. Меѓутоа, навивачите во Англија поради законот нема да може да ги следат првите 15 минути од мечот во Верона.

Законот во Англија гласи дека телевизиите нема да може да емитуваат натпревари од останатите лиги во термин од 15.45 до 18.15 часот, а натпреварот во Верона се игра од 18 часот.

„Елевен спортс“ има право на натпреварите од Серија А, а дури ниту на својот Фејсбук профил немаат право да ги пренесуваат првите 15 минути од средбата.

Во телевизијата одлучија дека ќе остават само коментатор за да знаат навивачите што се случува во тие 15 минути. Покрај Роналдо во овој меч би требало да дебитираат уште Жоао Кансело и Емре Џан.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…