Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Во американскиот Сенат почна судењето во процесот за отповикување на претседателот на САД Доналд Трамп, што претставува трет случај од ваков вид во американската историја.
Стотина сенатори се најдоа во седиштето на Конгресот во Вашингтон под претседателство на шефот на Врховниот суд Џон Робертс. Но, пред почетокот на расправата за обвиненијата за злоупотреба на власта и опструкцијата на работата на Конгресот, усвоени во декември во Претставничкиот дом на Конхресот, тие расправаат за правилата на играта.
Првата обврска на Сенатот, кој го предводат републиканците, е изјаснување за временската рамка на целиот процес – што го предложи Мич Меконел, лидерот на мнозинските републиканци во Сенатот.
Според резолуцијата која ја предложи Меконел, претставниците на демократите, кои во процесот на отповикување ја вршат функцијата на обвинител, како и правниот тим на претседателот Трамп имаат по дваесет и четири часа во следните два дена да го претстават своето гледање на случајот.
Меконел подоцна малку ги ублажи временските ограничувања, откако се побунија покрај демократските и некои републикански сенатори. Тој, меѓутоа, не крие дека сака брзо да дојде до ослободување на Трамп од обвиненијата, иделано во рок од две недели.
Адам Шиф, демократот задолжен за обвинението, кажа дека републиканците организираат наместен процес во Сенатот, додека републиканците тврдат дека демократите спроведоа наместена истрага во Претставничкиот дом.
Во моментот на почетокот на расправата за отповикување во Сенатот американскиот претседател се наоѓа на Светскиот економски форум во Давос.