Во Америка стигнал со 20 долари в џеб, денес е една од најпознатите холивудски икони


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Денес, на планетата Земја, веројатно нема човек кој не слушнал за Арнолд Шварценегер, но неговите почетоци во западниот шоубизнис биле повеќе од тешки.

Шварци имал тешко детство кога неговиот татко Густав често го тепал и злоупотребувал. „Ме влечеше за коса. Ме тепаше со каиш. Така беше тогаш. Многу деца кои кои ги знаев беа скршени од родителите, што беше германско-австриски менталитет“, изјави за списанието Fortune Шварценегер.

Во својата автобиографија „Total Recall: My Unbelievably True Live Story“ вели дека токму татковата строгост била најголема мотивација за неговиот успех во животот.

„Тоа нема да трае, бидејќи ќе се отселам. Сакам да бидам богат. Сакам да бидам некој“, си говорел себеси Шварци секогаш кога добивал ќотек.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Arnold Schwarzenegger (@schwarzenegger) on

На 15 години почнал да се занимава со бодибилдинг, а на 20 години станал Mister Universe. Во Америка заминал на 21 година со 20 долари во џебот. Тогаш почнал неговиот макотрпен пат до славата. Дење работел на црно, а ноќе вежбал.

Сон му било да глуми во филмови, но тешко добивал улоги поради неговото предолго име, масивната телесна корпулентност и смешниот акцент.

„Беше многу тешко да се почне филмска кариера. На почетокот, секој агент, секој менаџер, секој студиски водител ми велеше дека нема никогаш да добијам главна улога. Ми велеа да си го видам своето тело, дека изгледам како чудовиште. Ми велеа дека ги плаши мојот германски акцент. Дека името ми било чудно и пишано на филмски плакат би ги бркало гледачите“, раскажа во една прилика актерот и политичар.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bria (@arcanicrain) on

Најпосле успеал да добие улога во „Conan“ и така се пробил во филмската индустрија. Но, требало да поминат уште неколку години за да се прослави со главната улога во денес култниот серијал „Terminator“. Филмот стана хит, а Арнолд икона на акционите филмови.

Во 2003 година се откажа од актерската кариера и работата во забавната индустрија и се посвети на политиката. Од 2003 до 2011 година беше гувернер на Калифорнија. Потоа, повторно се врати на актерските патеки и во акционите драматични филмови.