Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Албанија се претвора во главен центар на муџахедини во Европа. Според податоците е на државниот институт за статистика, ИНСТАТ, бројот на муџахедини кои се сместени таму е околу 4.000.
Во извештајот се наведува дека во рок две години дозвола за престој во Албанија добиле 4.158 лица од Иран. Од вкупниот број 4.000 се муџахедини, додека останатите се дипломати или баратели на азил кои одлучиле да останат во Албанија.
Министерството за внатрешни работи одби да даде податок за бројот на муџахедините кои се приситигнати во земјава, образоложувајќи го тоа дека станува збор за тајни податоци. Според истиот извор четирите илјади муџахедини се сместени во камп во близина на пристанишниот град Драч, која ги негува традициите кои ги имале додека биле во Иран.