Во 68 отсто од секвенционираните примероци во ИЈЗ детектирана омикрон варијантата на коронавирусот


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Министерството за здравство пренесува дека Омикрон сојот бил детектиран во 68% од секвенционираните примероци направени во лабораторијата за вирусологија и молекуларна дијагностика на Институтот за јавно здравје.

Во периодот од 5-ти до 10-ти јануари од 152 позитивни примероци на Ковид-19 104 од нив биле со Омикрон варијантата.

Министерството информираше и дека новиот сој засега е откриен во 12 градови – Скопје – 48, Охрид – 27, Кочани – 7, Тетово – 6, Велес – 5, Пехчево, Штип, Гевгелија, Кавадарци по 2 и Виница, Неготино, Битола по 1 заразен.

Анализите покажуваат и дека последнава недела за 51% е зголемен бројот на нови случаи со Ковид-19. Најголем број од заразените се лица на возраст од 30-39 години (27%), 20-29 години (24) и 40-49 години (17%).

Во период од една недела односно од 3 до 9 јануари, пријавени се 946 реинфекции, со зголемување од 7 пати во однос на претходната недела.

Според извештаите од болниците моментално на територија на Северна Македонија хоспитализирани се 351 лице што е 41% повеќе во споредба со претходна недела, а зголемен е и бројот на дневни прегледи во инфективните одделенија низ болниците.

Од Министерството за здравство посочуваат и дека според епидемиолошките анкети најголем дел од пациентите имале контакт со позитивен случај 3 дена пред почетокот на симптомите или добивањето на позитивен резултат.