Во 2022 година роботи ќе разнесуваат пратки низ Кина


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Над 2.000 роботи ќе се придружат на персоналот на кинеските доставувачки гиганти како што се „Алибаба“ или „Меиутан“ следната година.

Тоа ќе биде 4 пати повеќе од сега, кажаа раководителите на кинските компании, охрабрени со падот на трошоци врзани за производство на роботи.

Милиони курири и натаму вршат испорака на пакети, но компаниите активно истражуваат можност употреба на дронови или роботи уште од 2013 година. Пекинг им нареди на компаниите да обезбедат одмор за куририте, затоа што тие се борат со растот на побарувачката и роковите.

Човечкиот персонал и натаму ќе го надминува бројот на роботи, кои имаат ограничувања како што се качување по скали.