Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Без никаков новитет од студио, без ниту едно ново музичко остварување, славната пејачка Адел во 2018 година оствари заработка од 19 милиони долари.
Додека таа престојува дома и се грижи за својот 6-годишен син, приходите од нејзиниот бизнис скокнаа на 33.000 долари дневно во изминатата година, пишува The Sun.
Според соопштението, 30-годишната изведувачка има две музички компании кои се грижат за нејзиниот имиџ и за продажбата на нејзините албуми. Првиот – Melted Stone Ltd оствари нето добивка од 622.548 долари, подружница на Melted Stone Publishing Ltd. заработува 10.523.731 долари. Овие износи ја прават Adel една од најбогатите жени во индустријата.
Кога таа имаше 25 години и објави албум во 2015 година, пејачката им кажа на медиумите дека нема да дозволи нејзините пари да го променат нејзиниот живот. Потоа призна дека не сака шопинг за луксузни марки. “Сакам да имам нормален живот и да не го изгубам допирот со реалноста”, рече Адел.
Во моментов, Адел живее во Лос Анџелес, во непосредна близина на Џенифер Лоренс. Се очекува да издаде нов албум кон крајот на декември 2019 година.