Внуката на Ламборгини живее типичен живот на разгалена богата наследничка


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


27-годишната Елетра Ламборгини (27), позната по тоа што е внука на славниот основач на луксузната автомобилска компанија Феручио Ламборгини, минатиот викенд беше фотографирана на плажата на грчкиот остров Миконос каде ужива со својата пријателка Лудовица Пагани. 

Елетра, која наводно сака природен изглед без силикони, покажа привлечна линија во оскудниот костим за капење, но не ги откри своите гради, за разлика од нејзината пријателка која се капела топлес.

Сепак, таа морала да го соблече бикинито додека се сонча, за да не и остане исцртаниот костим за капење. Така, покрај облините, во прв план излегоа нејзините бројни тетоважи. Како и лутиот израз на лицето кога и да види папараци.

Богатата девојка малку изненади,затоа што нема проблеми со голотијата, а особено ја навреди јавноста кога дојде на MTV European Music Awards 2016 во проѕирен комбинезон без градник и гаќички. Таа подоцна била и на насловната страница на Плејбој.

„Многумина ми рекоа дека имам прекумерна тежина и дека со парите што ги имам можам да одам на липосукција. Но, јас не сум како многумина кои направија комплетна операција, повеќе сакам природен изглед”, рече младата богаташка.

Овој пат на плажа, наместо гради, таа ги покажа бројните тетоважи по целото тело.

Старлетата стана попознатa во јавноста на почетокот на 2015 година кога се појави во супер реалното шоу на МТВ, а поради лошото однесување го доби прекарот „Италијанска Парис Хилтон“. За време на емитувањето на емисијата, таа открила и дека многумина ја нарекуваат „убиец“ поради нејзината кавгаџиска природа, што јасно ја покажала во шоуто.

Таа исто така беше во шоуто Џерси Шор, а интересно, таа била првата учесничка која немала секс пред камера.

„Добриот секс бара страст и тешко е да се постигне за време на една средба“, објасни Елетра, која се декларира како бисексуалка.

Сепак, во 2019 година, славната наследничка ја објави свршувачката со холандскиот диџеј Афроџак, а минатата година на крајот на септември, парот се венча на езерото Комо.